Викендов посетете ја Парк-шумата Гази Баба

ИЗВОРновлист
|

Гази-Баба е шума создадена во 50-тите години и е извонреден пример дека човекот и природата заеднички можат да создадат прекрасни пејзажи.

Шумата има богата флора и фауна и токму затоа е прогласена за споменик на природата. Прошетката можете да ја започнете од нејзиното подножје, од Црквата „Св. Архангел Михаил“ преку турбето на кралската ќерка (К’з Кулеси) кое се наоѓа во близина на Природно-математичкиот факултет, па се до турбето на Гази Баба којшто бил познат поет и кадија на Скопје во XVI век.

Исто така може да се рекреирате на трасираните трим-патеки, во должина од 4 км.