Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне викендов.
– Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Од утре Скопски цветен фестивал во Градскиот парк
Под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило на 18 и 19 мај 2019година (сабота и недела)ќе се одржи шестиот Скопски цветен фестивал – во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото „Скопје цвета“.
Фестивалот ќе започне на 18 мај со цветно дефиле од Собранието на Град Скопје (паркинг просторот) во 11:30 часот, со деца од предучилишните установи и основните училишта.
Фестивалот свечено ќе го отвoри Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со директорот Ардијан Муча, по што следуваат настапи на повеќе музички и танцови изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.
Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици кои што на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина. За прв пат оваа година посетителите и љубителите на животни ќе имаат можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици како и можност да вдомат домашно милениче.
Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 30-ина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија.