Викторија Лоба направи свадба во заносна венчаница (ФОТО)

|

Македонската пејачка со руски корени пред две недели во Охрид се заколна пред Бога на вечна љубов со долгоглдишниот избраник, бизнисменот Ѓорги Калешов, но тогаш направија само мала веселба со најблиските, додека големата свадбена прослава ја оставија за во Скопје.

Според она што таа го објави на социјалните мрежи, свадбената прослава се одржа вчера во хотелот Мериот, а младоженците изгледаа како холивудски пар!

Најпрво пејачката објави фотографија како со шампањ ја подготвуваат за најзначајната вечер во нејзиниот живот, а утринава сподели фотографии и од венчаницата како и од младоженецот.

Имено, таа носеше венчаница од нашата позната креаторка Коцарева, која беше исполнета со светкави елементи и спуштени ракави, во стил на сирена, додека нејзиниот избраник носеше црн смокинг.

Лоба при крајот на вечерта го промени својот изглед, па облече уште една покомотна, кратка венчаница па се фати за микрофонот и запеа и заигра.

Секако свадбата не можеше да помине без да запее барем една руска песна и на тој начин да ги испочитува и своите корени.

Викторија во секоја прилика изгледа неверојатно, но за оваа прилика навистина заблеска! Нашиот тим им посакува среќен и бериќетен брак!