Вила од злато:Овој пејач живее како во салон за антиквитети

ИЗВОРНов Лист
|

За оваа златна вила велат дека е една од најлуксузните и најскапите во Србија.

Познатиот пејач на народна музика Љуба Аличиќ од своето раѓање живее во Шабац, а таму изградил прекрасна вила. Во самиот центар на градот се наоѓа огромната куќа на Аличиќ. Улицата каде што е домот на пејачкот е многу фреквентна, полна со пешаци кои одат таму до Стариот град и тврдината која е оддалечена само 500 метри.

Тој живее во прекрасна вила со сопругата Жељана и двата сина, додека на својот наследник Дејан од првиот брак му изградил куќа во вториот дел на градот. Со оглед на квадратурата на домот, како и локацијата на која се наоѓа, неговата вредност на пазарот е огромна.

Освен што е огромна, куќата внатре е цела позлатена, а полна е со уметнички слики на ѕидовите и антиквитети. Ѕидовите се во златна и црвена боја, а златните детали доминираат, па со право може да се каже дека ова е најскапата куќа во Шабац!