Винарија Мал Св. Климент – место кое мора да се посети во Охрид

|

Поради големиот број на цркви, Охрид е наречен балкански Ерусалим, тој е нашиот најубав туристички центар, но покрај тоа изобилува и со многу други убавини и знаменитости. Езерото, Самоиловата тврдина, Чаршијата, надалеку прочуените охридски цреши и што ли уште не… но сепак малкумина знаат дека во овој древен град може да се одгледува и лозје и да се произведува уникатно и автохтоно македонско вино.

Доколку преостанатиот дел од летово, патот ве води кон Охрид, наша топла препорака е да го посетите Винскиот бар и винаријата Мал Свети Климент, лоцирана во срцето на градот, оној древниот, стариот дел. Доколку знаете каде се наоѓа црквата Мал Св. Климент лесно ќе го пронајдете и ова место, а од амбентот ќе се запрашате дали се уште се наоѓате во Македонија.

Првично она што го прави посебно ова место е неговата локација, бидејќи се наоѓа во најубавото катче на градот, со расцветани леандри и мирис на лето, па додека сте однадвор имате чувство дека сте некаде во Далмација или пак во Холандија. Кога ќе стапнете внатре пак, ќе влезете во нов свет, поради што веднаш ќе се запрашате како до сега не сте знаеле дека во Охрид постојат и вакви угостителски објекти.

Самата винарија и барот се сместени во простор издлабен во карпа, ќе слушнете пријатна џез музика, а на ѕидовите ќе видите уникатни уметнчки дела, мозаици направени од ситни камчиња. Веруваме дека од прв момент ќе ја почувствувате магијата која ја носи ова место, а вработените со насмевка ќе ве пречекаат уште на самата врата.

Во самата винарија се сместени и амфорите кои се големи подземни садови во кои всушност и се произведува виното на еден поразличен и уникатен начин, а доколку сте заинтересирани домаќините ќе ве однесат и да ги видите како тие изгледаат.

Винскиот бар изобилува со голем број на најразлични вина, а локалните сомелиери се тука да ви објаснат малку повеќе за нивното производство и вкусот. Тука не мора да сте некој познавач на вината за да уживате, треба само да сте желни да научите нешто ново за нашите македонски вина и да сакате да уживате во животот.

Покрај вината кои ги произведуваат самите, има и голем број на други вина од останатите винарии, а за потполно уживање по ваша желба се сервираат и превкусни закуски кои се специјално креирани да одговараат со секое вино посебно. Подгответе се за експллзија од вкусови какви што не сте пробале.

Црвени, бели или розе, вина со вкус на лето и нота на зима, бозел, цимет, роза.. ќе се изненадите колку прекрасни вкусови постојат. Сепак наша препорака е автохтоното вино Станушина, розе вино кое се произведува само овде во Македонија, па доколку не се почувствувате навистина посебно додека го пиете него, веројатно никогаш нема ни да го почувствувате тоа чувство.

Од слатките закуски би го издвоиле вкусот на брускети со козји намаз, песто сос и слатко од смокви, кој совршено одговара како со бело така и со розе вино. Местото е совршено за секој човек да си го пронајде омиленото вино, пијалок кој и боговите го обожавале.

Цените се пристапни, а самите одлчувате колку и какви вина сакате да пробате, домаќините се тука за да ви помогнат при изборот, да ве понесат низ приказната за нивното создавање како и да ве подучат зошто токму нашите македонски вина се толку прочуени во светот.

Охрид е убав и во лето и во зима, па доколку не стигнете да го посетите перодов, дојдете и на есен или зима, винскиот бар и винаријата Мал Св. Климент е отворен во секоја сезона. За оние кои мислат дека нема да се снајдат со локацијата погледнете го нивниот инстаграм профил, па контактирајте ги за се она што ве интересира!

https://instagram.com/winebar_malsvkliment?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==

(Наталија Јосифоска)