„Вино на штикли“ во Форца

ИЗВОРСкопје24
|

Среда, 3-ти јули од 20 часот па се до 1 часот по полноќ, винскиот бар и ресторан „Форца“ ќе биде главното место на забавата во главниот град. „Вино на штикли“ по трет пат, најавениот и долгоочекуван настан, спектакл каков што ретко му се случува на Скопје.

Винско-музичко-моден настан на кој освен дегустацијата на различни врсти на вина од македонски и странски винарии по супермаркетска цена на чинење, гостите ќе имаат можност да проследат уште неколку различни забавни перформанси.

Македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд ќе ги забавува посетителите со своите најголеми хитови, но и со најпознатите светски и регионални актуелни песни и евергрини. Пред и потоа, присутните ќе ги се журкаат со ДЈ Бранчез и неговиот специјално подготвен ДЈ сет за оваа прилика.

Покрај музичкиот дел за кој се подготвува специјална сцена со соодветно озвучување и специјално подготвено „ројал блу“ осветлување, во „Форца“ ќе се случува и моден перформанс.

И сето тоа исто така гратис, единствено во функција на добрата забава, зашто влезот на „Вино на штикли“ е бесплатен. Се разбира, претходно навреме направете си резервација, зашто просторот е сепак ограничен, а интересот огромен! За да се уверите дека „во виното е вистината“… ама и убавината. А таа во случајов, доаѓа на штикли!

Резервирајте на 078 445 068
или преку порака на фан страницата на Forza Wine Bar & Restaurant.