По дождот доаѓа сонце, па така по невремето коа беснееше во Скопје проследено со пороен дожд, град и грмотевици, виножито блесна на небото.
Во главниот град се слушаат и грмотевици, а дува и силен ветер. Олујата која за минута го зафати главниот град испаничи многумина кои се најдоа на отворено, па побрзаа да се сокријат кон најблиските згради или трговски центри.
Невремето и врнежите сеуште продолуваат но со намален интензитет, а и високите температури веќе се намалија, па конечно може пријатно да се дише.
Поплавени улиците во Аеродром, по краткиот но интензивен дожд. Вистински хаос во 10 минути настана откако се исклучија и семафорите. Во Ново Лисиче паѓа град со големина на лешник. Канализацијата изби и враќаше вода. До втори кат во зградите се враќаше вода на терасите.
Поплавените улици се постојан проблем и при најмало невреме во Скопје. До сега, локалната власт не најде решение за санација на овој проблем.
УХМР веќе неколку дена наназад најавуваше дека ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
ВИДЕО: Силно невреме во Скопје – Дожд и град
ВИДЕО: Силно невреме во Скопје – Дожд и град
Gepostet von Press24.mk am Donnerstag, 4. Juli 2019
Нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи беше застапена и во околината на Кичево, Македонски Брод, Крушево како и во Велес, а истотака и во Тополчани и околината каде брзината на ветерот достигнувала до 70 км/час, а имало и појава на град.
Поради големата енергија во атмосферата можна е и понатаму изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.
Инаку тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени.
Утре во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време.
Минималните температури утре ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 32 степени.
Во сабота минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени.
Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда за кога се прогнозираат максимални 31 степен.