Дарко Вујучевиќ се уда*ил додека се обидувал да го спаси тричленото семејство кое настрада во Скадарското езеро, откако чамец се превртел.
Немилиот настан се случил под манастирот Врања на Скадарското езеро кога во неделата наутро се превртел чамец. Во несреќата животот го загубија сопружниците Јана и Ратко и нивната ќерка Нина, како и Вујчевиќ од Куча, кој се обидувал да го спаси семејството.
Кога чамецот се превртел Дарко веќе излегол на брегот, но се вратил за да му помогне на семејството.
Владислав Дајковиќ, функционер на Права Црна Гора, посвети фејсбук објава за овој неверојатен херој, кој во обид да ги спаси мајката и ќерката за жал го загубил и својот живот.
Ретки се луѓето денеска кои без размислување ќе го ризикуваат својот живот за животот на некој друг, а уште поретки за некој кого воопшто не го познаваат. Оваа приказна за жал нема среќен крај, но барем ни влева надеж дека сеуште постојат толку добри и пожртвувани луѓе, кои се рамни со супер хероите од филмовите и приказните. Секоја чест за овој прекрасен човек!