По долгиот период исполнет со многу нестабилно време и временски непогоди, кои предизвикаа многу штети низ Македонија, конечно во текот на следната седмица кај нас, но и во целиот регион доаѓа првиот поголем топол Африкански бран. Овој топлотен бран ќе донесе вистинско лето, но и многу високи температури, како и многу висок Ув индекс.
Во текот на следната седмица температурите насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие ќе се искачат и до 38 степени, локално може да ги очекуваме и првите температури од 40 степени.
Барем според сегашните анализи кои ги направивме, следната седмица кај нас во Македонија, но и во регионот ќе биде исполнета со многу сонце (вистинско лето). Конечно лубителите на летото ќе си дојдат на своето.
Ние континуирано ќе го следиме развојот на временските услови, па во следните неколку денови ќе знаеме колку ќе се задржи ова вистинско лето и топлотниот бран кој го најавивме кај нас од следната седмица.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!