Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа до петок ќе се задржи стабилно, суво и сончево, со умерена локална облачност. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека од петок па за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен и повремено ќе биде засилен на интензитет. Исто така за време на викендот, се очекува и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите остануваат над просекот за овој дел од годината, и тоа проади влијанието на топлата воздушна маса од југ,и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.