Вклучен црвен аларм – За прв пат торнадо ќе се појави во една балканска земја

|

За првпат во Романија објавена е „црвена тревога“ за опасност од торнадо.

Предупредувањето е за југоисточните делови Јаломица и Калараш. Објавена е и „портокалова тревога“ за силен ветер и бури во голем број други области во Романија.

Сајтот Зиаре информира дека ветрот дува со брзина од 100 до 110 километри на час и според метеоролозите може да предизвика торнадо. Инаку, торнадо имаше минатата недела во реонот на село Дражна, во округот Калараш. Таму торнадо преврте автобус со патници, при што имаше повредени. Најмалку 10 куќи беа оштетени во невремето.

Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето денеска е променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови, каде на места ќе достигнува брзина над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Утре изутрина ќе биде студено, на места со негативни температури, а преку денот сончево и потопло.

Во наредните два дена ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури.