Време е за вечера а ние имаме одличен предлог пита можете да ја послужите со грчки јогурт.
СОСТОЈКИ: 1 кг мелено месо, 1/2 кг праз, 1 чаша кисела павлака, 1 чаша кисела вода, сув зачин, бибер, кори, 3 јајца и 1/2 шолја масло.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Празот исечкајте го ситно и малку пропржете го. Додајте месо и пржете додека не биде готово. Зачинете по вкус. Потоа во тепсија наредете кори, па преку месо и така додека не го потрошите материјалот.
Во сад измешајте павлака, јајца, масло и кисела вода. Потоа питата исечкајте ја на коцки и прелијте ја со смесата која сте ја направиле. Оставете да отстои 2 часа и потоа печете на 250 степени околу еден час додека не добие боја. Добар апетит!
Доколку овој рецепт ви изгледаше малку ви преттавуваме уште еден рецепт за највкусните путер кифлички кои можат да бидат и посни за време на постите и празниците.
Состојки: 0,5 литри млака вода, 1 коцка (40гр) свеж квасец, 125 гр омекнат путер или маргарин, 1,5 лажиче сол, 1 лажиче шеќер, 50 мл масло, 900-1000 гр брашно, остатокот од путерот/маргаринот (125 гр), 1 јајце и по потреба сусам.
Во млаката вода се дроби квасецот и се додаваат сите состојки, од кои на крај брашното и веднаш се меси мазно тесто. Тестото се намастува со масло со рацете или четче одозгора и се остава 10-15 минути. Потоа се дели на 3 или 6 дела. Јас го делев на 6 за два пати да исучам кора и да добијам помали кифлички.
Се расукуваат 3те дела и се премачкуваат со путер/маргарин, но не најгорната. Се сучи тенка кора и се сечи на триаголници. На почетокот на секое се става сирење или урда или фил по вкус или пак можи и празни да се и се ролаат во кифличка.
Се редат во намастен плех или обложен со пек-хартија, се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам. Врз секоја се става по мало парче путер/маргарин кој останал од коцката.
Можи и да го стопите путерот, па пред да ги намачкате со јајце прво да ги премачкате со него.
Се печат веднаш на 180С 20-30 минути, односно додека благо не поруменат.
*Доколку сакате посни, направете ги со маргарин и одозгора не ги премачкувајте со јајце.