Вкус кој долго се памети: Рецепт за унгарски мекици – тестото ќе ве воодушеви

|

Лангош е познат унгарски специјалитет, но многу е популарен и на Балканот, а домаќинките со задоволство го подготвуваат.

Ова тесто е познато и специфично поради едно нешто, а сигурни сме дека ќе ве воодушеви.

Состојки:
– 300 грама брашно;
– 1 децилитар млеко;
– 1 децилитар вода;
– 25 грама свеж квасец;
– 1 лажичка сол;
– Половина лажичка шеќер;
– Масло за јадење.

Состојки за фил:

– 3 чешниња лук;
– 180 грама павлака;
– 200 грама кашкавал.

Подготовка:
Во топло млеко ставете го квасецот и шеќерот, добро измешајте, па оставете го да отстои 10-на минути за квасецот да се активира.

Во подлабок сад ставете го брашното и солта, па направете вдлабнатина во која ќе го додадете активираниот квасец и малку вода. Месете додека не добиете средно-меко тесто. Садот покријте го со крпа, па оставете тестото да нарасне.

Во тенџере ставете масло за јадење, па со влажни раце кинете парчиња од тестото по желба и разблечете го. Спуштете го тестото во загреано масло и пржете додека не зарумени.

Во посебен сад измешајте ја павлаката и исечканиот лук, па овој фил може да го ставите на секоја мекица и над нив изрендајте кашкавал.