Вкусен, а диетален: Леден десерт од јогурт готов за 10 минути

|

Сакате студен, освежувачки десерт кој лесно се подготвува? Ова е рецепт чиј вкус ќе ве воодушеви, а кој има помалку калории од останатите десерти.

Потребни состојки:

400 гр. кисело млеко, или јогурт

1 лажица екстракт од ванила

2 лажици шеќер во прав

10малини или друго овошје по избор

10-20 пишкоти

1 мала шолја млеко

малку какао или темно чоколадо

Начин на подготовка:

Подгответе ги садовите/чашите во кои ќе го сервирате десертот.

Во јогуртот додадете ги шеќерот и екстрактот ванила. Измиксирајте добро.

Пишкотите потопете ги во млеко и разделете ги во чашите. Додадете неколку малини а потоа додајте од кремата со јогурт. 

Оставете во фрижидер да отстои некои време. 

На крајот додадете какао или чоколада за готвење.

Десертот е готов!