Еве кои состојки ви се потребни за овој рецепт: 500 гр шпагети, 1 главица кромид, 1/2 китка магдонос, 1 конзерва туна, 1 тегла пелати, прстофат оригано, прстофат чили, прстофат бибер, прстофат куркума, сол по вкус и масло за пржење.
Начинот на подготовка е следен: Најпрво ги ставаме да се варат шпагетите според упатството на кесичката.
1. Кромидот го сечкаме на ситни парченца и го упржуваме на масло на средна температура, да ни застакли.
2. Ја додаваме туната од конзерва, без маслото во кое стоела и кратко упржуваме.
3. Ги додаваме пелатите, упржуваме. За време на пржењето тие почнуваат да се распаѓаат, ама јас дополнително земам рачен блендер и целата смеса кратко ја блендирам.
4. Кога ќе испари водата до посакуваната густина, ставаме сечкан магдонос и зачините, уште малку го оставаме сосот да се вари за да ги прими зачините.
5. Сервирајте топло.
А во продолжение ви предлагаме да направите и бисквити со оризово брашно и јаворов сируп (без глутен).
Во сад ставете ги јајцето, јаворовиот сируп и маслото. Измешајте убаво со вилушка. Додајте ги просеаното брашно, скроб, пециво и ванилата. Замесете тесто. Ако има потреба додадете уште сосема малку брашно.
Месете кратко, бидејќи со многу месење ќе се стврди многу тестото додека стои во фрижидер. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер 30 минути.
Меѓу 2 листа хартија за печење расукајте го тестото во кора. Со калапчиња вадете форми по желба и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете на 170 степени, 10-15 минути.
Ако мислите дека ќе ви бидат јаки на вкус заради маслиновото масло, можете да ги направите со кокосово масло, оризово или обично сончогледово масло.
Исто јаворовиот сируп може да го замените со мед. Бидејќи јаворовиот сируп е малку потечен од медот може ќе ви притреба малку повеќе брашно( значи малку, додавајте по потреба да не ви дојде многу тврдо тестото).