Вкусни и евтини рецепти за вечера: Бидете вистински мајстори во кујната

ИЗВОРНов Лист
|

Луѓето ќе го препознаат вашиот готвачки талент доколку готвите вкусно, а не доколку готвите скапо. Вистинските мајстори во кујната знаат да направат вкусно јадење од било какви состојки, па затоа не би било лошо доколку и вие ја научите оваа вештина.

Предлагаме да подготвите некој од вкусните, но евтини рецепти кои ќе ги импресионираат вашите пријатели. Или пак, ако не сакате да делите храна, тогаш импресионирајте се самите.

Состојките кои ќе ви бидат потребни за подготовка на овие рецепти можете да ги најдете во вашиот локален маркет, а тие (како што вели и описот на видеото) нема да чинат многу. Видеото го подготви екипата од YouTube каналот Tasty.

Вечера за половина час: Макарони со модар патлиџан и домати
Ако сте љубители на тестенини, ви предложуваме да го подготвите овој едноставен рецепт за макарони со модар патлиџан и домати.

Состојките се лесно достапни и ефтини, а рецептот е превкусен.

Состојки: 400 гр. макарони, 1 модар патлиџан, Две чешниња лук, Конзерва домати, Оригано, Сол, бибер, Маслиново масло, Пармезан

Начин на подготовка: Измијте го модриот патлиџан и исечето го на коцки, не мора да го лупите. На маслиново масло испржете ги коцките модар патлиџан и сецканиот лук. Сварете ги макароните во зовриена и солена вода. На зеленчукот додајте го доматите од конзерва, зачинете со оригано, сол, бибер и крцкајте додека доматот да стане мек. Измешајте и сервирајте додека е топло и наросете со пармезан.

Добар апетит!