Владата демантира: Нема тековни анализи за легализација на марихуаната за рекреативни цели

ИЗВОРСкопје24
|

ТВ21 предмалку објави дека од блиски извори на Владата дозна дека наскоро ќе се легализира марихуаната во Македонија. Како што тие објавија за почеток легализирана ќе биде во туристичките места, односно во Охрид и во Струга.

Според истите извори анализите на Владата покажале дека легализацијата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи, а со тоа и поголем девизен прилив во тие места.

Но многу брзо Владата ја демантира информацијата што денеска ја објави ТВ21 карактеризирајќи ја како дезинформација.

-Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата.

Во Македонија, засега, марихуаната се користи само за медицински цели.