Владата дозволи пушење на сите видови електронски цигари во затворени јавни објекти

|

Електронските цигари ќе бидат дозволени во затворени објекти. Ваква одлука донесе Владата постапувајќи по мислењето на Министерството за здравство кое ги издвои електорнските од обичните цигари.

Од земјите во регионот, електронските цигари се третираат исто како обичните во Црна Гора и Хрватска. Односно забрането е пушење во затворен простор.

Во светот во вкупно 32 земји целосно е забранета продажбата на електорнски цигари, 79 земји има усвоено некакви мерки за заштита, а 84 немаат никаква регулација.

Светската здравствена огранизација во извештајот за оваа година предупреди дека електронските цигари се подеднакво опасни како останатите тутунски производи.

Никотинот предизвикува зависност, а еднакво се опасни и електронски инхалатори на никотин, е ставот на СЗО. Организацијата е особено загрижена за младата популација која повеќе посегнува по овие производи. Пример, во САД во 2008 година 20.5% од децата пушеле електронски цигари, годинава процентот е 27,5.

Електорнските цигари се атрактивни за младата популација затоа што брзо се развиваат и надградуваат. На пазарот има вакви цигари со околу 16.000 различни вкусови. Голем дел од нив се рекламираат како да се без никотин, но истражувањата покажуваат дека сепак во нив ја има супстанцата која предзвикува зависност.