Владата се уште ги крие зголемените плати. И по месец и половина откако на сметките им се исплаќа покачувањето за скоро 80%, на официјалниот сајт објавени се старите примања. Премиерот вели – ќе ги објавеле наскоро. Но конефициентот за пресметка останува ист.
Сега се бара начин како и останатите административци да добијат зголемување и да бидат задоволни. Според премиерот со Колективниот договор и новиот Закон за плати ќе се стави ред во примањата во јавниот сектор.
Со одлуката на Уставниот суд, каде се одмрзна коефицинетот за пресметка на платите, сите избрани и именувани функционери, почнувајќи од претседател, пратеници, министри, нивни заменици, градоначаници, судии, обвинители од крајот на март добиват повисоки плати. Но првиот човек на државата, Пендаровски зголемувањето од 72,000 денари го донираше во 2 организации кои работат со млади – Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј од Битола и на Здружение за информатичари на Македонија.
Инаку, според пресметките на Министерство за финансии – зголемувањето на функционерските плати државата ќе ја чини 1,3 милиони евра месечно или нешто над 15 милиони евра годишно