Владата денеска достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, соопшти собраниската прес-служба.
„Ве информираме дека Владата денеска, според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција, на 30 јуни 2022 година“, велат од таму.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.