|
Предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воведување на ограничување на движењето за престојниот продолжен викенд во целост е прифатен од Владата.
Анализите покажале дека има неколку жаришта во земјава поради прекршувања как семејни собири , непочитување на препораките за превоз и слично.
Според одлуката, од утре во 21:00 часот, па сѐ до 05:00 часот во понеделник, движењето во Скопје, Тетово, Куманово со Липково и Штип се забранува.
За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.