Владата го прогласи 5-ти мај за Ден на македонскиот јазик

ИЗВОРСкопје24
|

На денешната седница, Владата донесе одлука 5-ти мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер.

-Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5-ти мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик, информираат од Владата.