Северна Македонија е општество на еднакви можности за сите граѓани, а љубовта е љубов, пишува на Фејсбук страницата на Владата.
https://www.facebook.com/VladaMK/posts/2392328180826359
Секој ден имаме можност да избереме како ќе помогнеме за поголема еднаквост за секој од нас, борбата за повеќе права нема да престане се додека имаме дискриминација. Прифаќањето почнува од секој од нас, не со грандиозни дела туку со секојдневни мали чекори преку кои ќе прифатиме дека мораме и треба да живееме едни со други. Независно кои сме и од каде доаѓаме, во општеството треба да направиме простор за секој од нас, а сексуалната ориентација и родовиот идентитет не смеат да бидат основа за дискриминација, напиша претседателот Стево Пендаровски во поддршката.
Секој ден имаме можност да избереме како ќе помогнеме за поголема еднаквост за секој од нас, борбата за повеќе права…
Gepostet von Stevo Pendarovski am Samstag, 29. Juni 2019
На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.
– Не смееме да потценуваме колку е значаен овој чекор што денеска се прави. Далеку сме од целосно почитување на ЛГБТИ луѓето, ама ова е многу значаен чекор во вистринска насока. Денес, Република Северна Македонија е дел од семејството држави кои имаат одржано Парада на гордоста на својата територија, изјави за МИА, поранешниот пратеник Павле Богоевски.