Владата ја отпочна псотапката за прогласување на кризна состојба во земјава

ИЗВОРТелма
|

На предлог на Советот за безбедност кој вчера беше прифатен од Претседателот на државата, се очекува Владата денеска да прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена поради исклучително сериозната состојба. Тоа ќе овозможи подобро менаџирање на сите капацитети и човечки ресурси, на располагање покрај јавните, ќе бидат и приватните болници со кои ќе управува државата, а во справувањето со епидемијата ќе помага и Армијата.

Владата на синоќешната седница ја отпочна постапката за прогласување на кризна состојба. Одредена е група за процена, а со неа ќе раководи Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи, како и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Одреден е и Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи .

Со решенијата се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата, по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување кризна состојба.

Кризна состојба за првпат ќе биде воведена на целата територија во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче акцент стави на лекувањето на граѓаните во приватните болници за време на кризната состојба.
Системот за управување со кризи покрај органите на државната управа и органите на државната власт како Собрание, претседател и Влада, вооружените сили, силите за заштита и спасување и органите на општините и на градот Скопје, јавните претпријатијa, јавните установи и служби, го остваруваат и приватните трговските друштва. Граѓаните, здруженијата на граѓаните и Црвениот крст, невладините и хуманитарните организации, средствата за јавно информирање и другите правни лица можат да учествуваат во превенција, рано предупредување и справувањето со кризи на доброволна основа. Владата одредува кои министерствата и другите органи на државната управа, општини, јавните претпријатија, јавните установи и служби, како и трговските друштва од посебно значење за работа ќе ги утврди за да се подготвуваат за извршување на нивните функции, односно задачи за превенција и справување со кризи.