Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.
Владата на Република Македонија на денешната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година.
Со продолжувањето на рокот, на предлог на Министерството за економија, во консултации со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се оневозможи извоз на овие продукти за да се спречат штетите што од тоа можат да настанат на домашниот пазар.