На денешната 82-ра седница, Владата ја разреши Ирина Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на нејзино барање.
Како што информираат од владината прес-служба, за в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја именува Рената Младеновска.
Исто така, во пресрет на утрешната средба, Министерството за надворешни работи го достави предлогот на Комисијата до Владата на Република Северна Македонија, која го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа.
Димитар Љоровски е историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје.