Владата ќе ја легализира марихуаната

ИЗВОРСкопје24
|

ТВ21 од блиски извори на Владата дознава дека наскоро ќе се легализира марихуаната во Македонија. За почеток легализирана ќе биде во туристичките места, односно во Охрид и во Струга.

Анализите на Владата покажале дека легализацијата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи, а со тоа и поголем девизен прилив во тие места.

Во Македонија, засега, марихуаната се користи само за медицински цели.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2019 година изнесува 49 021, а бројот на ноќевањата изнесува 102 691.

Бројот на туристите во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е намален за 0.7 %, а бројот на ноќевањата е намален за 4.3 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 2.6 %, а бројот на странските туристи е намален за 2.7 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 8.4 %.

За споредба, исто така според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2018 година изнесувал 176 310, а бројот на ноќевањата изнесувал 687 976.

Бројот на туристите во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бил зголемен за 14.9 %, а бројот на ноќевањата зголемен за 17.8 %.

Бројот на домашните туристи во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, пак бил зголемен за 18.9 %, а бројот на странските туристи за 12.0 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, е зголемен за 16.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 19.5 %.

Во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.6 %, а кај странските има зголемување за 17.8 %.

Во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.4 %, а кај странските има зголемување за 21.2 %.

Останува да видиме дали оваа мерка ќе донесе значително зголемување оваа година, доколку навистина биде изгласан законот и донесен на сила.