Владата нема да преговара за идентитетот-Бугарското вето опасност за сите

ИЗВОРНов Лист
|

Веднаш по бугарското вето за официјален почеток на преговорите на земјава со ЕУ, лавина реакции во регионот и пошироко. Реакција стигна и од Европскиот парламент, кој смета дека блокадата од Бугарија за старт на преговори со Северна Македонија го попречува помирувањето во целиот регион. САД, пак, ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат постоечките билатерални спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ.

Целта на владата е јасна, дава шанса на процесот и работи на тоа да дојде до усогласување на ставовите според јасно утврдени македонски национални позиции и согласно стратешките евроинтеграциски цели на земјава, изјави портпаролот Душко Арсовски.

Како што изјави Арсовски, Владата не може и никогаш нема да се откаже од нашето право на самоопределување кое е гарантирано со Повелбата на ОН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор, како уставна основа на ЕУ. Практично и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија.