Владата одлучи: Мерките се заострија, граѓаните ќе бидат под повеќечасовен полициски час

|

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.