Владата со нова одлука: Се отвораат базените и хотелите

ИЗВОРНов лист
|

Владата донесе одлука за отворање на базените, кои ќе работат само за пливачките клубови со соодветен протокол.

На почетокот базените ќе можат да се користат само за регистрираните пливачи, а рекреативното пливање нема да биде дозволено.

На владината седница е донесен и Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

„Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми“, – објави Владата