Владата укина неколку мерки за заштита од болеста

|

Владата ги прифати  предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од болеста кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Согласно овие предлози Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови.

Владата денеска го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се им*низираат.

Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.