Владата усвои 26 мерки и препораки поврзани со кризата

|

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека на владината седница денеска биле усвоени вкупно 26 мерки и препораки за справување со економската криза предизвикана од последните случувања во светот.

1.Намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5% на 0%

2.Замрзнување на маржите на основните производи за исхрана

3.Ваучери за основни производи од по 1000 денари за три месеци за 35.000 граѓани од најранливите категории

4.Автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји

5.Продолжување на примената на повластената даночна стапка од 5% за прометот со електрична енергија кон домаќинствата

6.Препорака за менување на методологијата за утврдување на цена за домаќинствата и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија

7.Продолжување на програмата за енергетската сиромаштија

8.Субвенции за пензионерите од 1000 денари за 3 месеци

9.Продолжување на субвенционирањето на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи)

10.Субвенционирање на цената на топлинската енергија

11.Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините преку користење на поволен кредит од Светска банка спроведен од Министерството за финансии

12.Програма за промоција на обновливите извори на енергија во домаќинствата за 2022 година

13.Препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа

14.Пролонгирање на воведувањето на еколошка такса за енергенси

15.Намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин , гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан

16.Намалување на акциза врз основа на берзанските стапки

17.Ослободување на плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување

18.Препорака за општините да го реорганизираат јавниот превоз за да биде достапен во корист на сите граѓани

19.Субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ја реинвестираат добивката за 2021 година

20.Финансиска поддршка преку директно кредитирање од РБСМ на компаниите

21.Финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства

22.Користење на Гарантниот фонд преку РБСМ

23.Кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

24.Нова линија за поддршка на стопанството преку EIB за зелена транзиција

25.Зелено финансирање преку ЕБОР, Програма на ОН за развој, комерцијални банки

26.Препорака за штедење и рационално користење на електричната енергија и енергенси.