Владо Јаневски тргнал на свадбата на Каролина Гочева и Михаил Корубин во друштво на Калиопи, но она што потоа се случило подоцна досега го знаеја само тие:
https://www.facebook.com/watch/?v=315590725765141
Владо дошол на свадбата со цел да им направи чест и на Каролина која го замолила да дојде на нејзината свадба како и на Калиопи која пак немала со кого да оди и не сакала да ја видат сама како доаѓа. Тој за првпат открива што се случило подоцна во новата епизода на „Еден на Еден“.
Ова не е единствената анегдота од неговиот живот што тој ја споделува во неделната епизода на ток-шоуто. Јаневски зборува и за гласините дека бил болен, дека бил хомосексуалец, за Дунавка, за сите жени во неговиот живот, за самотијата и повлеченоста, за тоа дека може да не излезе од дома дури фрижидерот не му се испразни…
– Ти имаш начин да ме натераш да раскажувам приказни што никому не ги кажувам – му признава Владо на водителот Жарко Димитриоски.
За сите овие некажани приказни, не ја пропуштајте „Еден на Еден“ епизодата со Владо Јаневски во недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.