Времето денес претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголемува и од југозапад ќе започнат повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 13 степени.
Потоа за време на викендот, како и на почетокот од следната недела времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.