Исклучително влажна и нестабилна воздушна маса се движи кон Македонија и ќе услови невреме

|

Според Славчо Попоски, во текот на денешниот ден ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од југоисточен правец и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува.

Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Нашата територија ќе биде зафатена од исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која ќе условува честа појава на врнежи, грмежи, и локално позначително количество на возден талог кое може да услови и локални поплавувања.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање.

Освен кај нас, невреме ќе го зафати и регионот , додека на Алпите се очекуваат и врнежи од снег.