Внимателно возете, одрон на патот Д.Капија- Удово

ИЗВОРНов Лист
|

На патниот правец Р1102 Д.Капија – Удово, на 2км. пред Удово поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.