Внимавајте: Граѓани крадат картички и со нив купуваат производи

|

На 09.04.2022 во 15.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(48) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 08.04.2022 од возило „шкода“, сопственост на С.П.(28) од Куманово, одзел платежна картичка и вршел трансакции со неа.

Кај В.П. била пронајдена платежната картичка и пари кои биле вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.