Професионалните возачи во Грција, коишто управуваат камиони, автобуси или пак, такси, ако бидат забележани дека пушат додека возат ќе бидат казнети со 1.500 евра и еден месец ќе останат без возачката дозвола, пренесува Катимерини.
Истиот износ ќе го плаќа и секој возач кој пуши цигара додека вози дете помало од 12 години.
Доколку при патување во соседна Грција се паркирате на место кое е обележано за лица со инвалидитет, може да ви биде одземена возачката и таблиците.
По влегувањето на сила на новиот закон од кривичниот законик во Грција од почетокот на овој месец, за „лесни“ прекршоци е предвидена казна затвор до 3 години, а за поштешки сообраќајни пркршоци до 10 години затвор.
За не ставање на безбедносен појас при возење во Грција може да ви биде одземена дозволата на 10 дена, а може и да платите казна 350 евра.
За надминување на брзината на движење може да ве чини од 40 до 350 евра, но и одземање на возачката дозвола.
Додека за возење автомобил под дејство на алкохол казните од новиот кривичен закон во Грција се многу ригорозни. Тогаш може да ви биде одземена доволата на подолго време, да платите висока казна но може да добиете и казна издржување затвор.