Внимавајте: Маж од Стајковци лажел дека има градежна фирма, па земал 1.500 евра аванс и го снемало

|

Изм амник од скопското село Стајковци, кој лажел дека има градежна фирма, ѝ зел на штипјанка 1.500 евра аванс за градежни работи кои не ги завршил, соопшти МВР.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од с.Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „из мама” и „посебни случаи во фалсификување исправи”. Во периодот од август до ноември 2021 година, пријавениот измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари“, велат од МВР.

„Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа. Р.С. земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа“, додаваат од МВР.