Владата преку Министерството за внатрешни работи превзема мерки за справување со пиротехничките средства, а само во последните неколку дена се запленети над 30.000 парчиња пиротехника и приведени се неколку лица. МВР со засилени контроли и за новогодишните празници.
Ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот портпарол Душко Арсовски прашан за превентивните мерки за справување со пиротехнички средства. Арсовски потсети и на казните предвидени за прекршување на јавниот ред и мир.
-Паралелно Министерството продолжува со превентивни активности за да се спречи употребата на овие средства. Во оваа прилика само потсетуваме на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир којшто во член 31 предвидува глоба во износ 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној којшто неовластено пука од ог*ено ор* жје, употребува пиротехнички средства или сличен екс п*озивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, информираше Арсовски.