|
Од билтенот на МВР денес дознаваме дека,фалсификувани пари се пуштени во промет во Македонија. Имено, скопјанец во Прилеп со фалсификувани банкноти се обидел да плати на бензинска пумпа и бил фатен во обидот.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Х.Л.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.
На 26.01.2022, пријавениот на бензинска пумпа платил со фалсификувана банкнота од 500 евра, што било потврдено и од извршената проверка на банкнотата од страна на НБРСМ.