Внимавајте, одрони на патиштата низ Македонија – Еве каде

|

Интензивните врнежи од дожд во Пијанечкиот регион повторно влијаеа на создавање одрони на повеќе места на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани како дел од магистралата А3. Поголеми одрони утрово како што јавуваат возачи има на излезот од Делчево, веднаш по првата кривина кај село Очипала.

-Одроните се доста големи кај Очипала, делница каде по секој дожд или снег одроните се присутни. Така беше и утрово, а освен таму, долж патниот правец може да се забележат и на други места, каде и порано имало одрони. Дел од нив зафаќаат еден дел од коловозната лента и затоа советот е да се вози внимателно, информираат возачи.

На регионалниот патен правец во есенско-зимскиот период при појава на врнежи, како што потврдија од ,,Македонија пат”, е честа појавата на одрони.