Тој привидно има ист вкус како вашиот, се смее на истите шеги, исто се облекува и сака ист амбиент. Со Водолиите се стекнува впечаток дека сте го пронашле човекот со широки погледни на светот, афинитети и суптилни желби: кога разговарате со нив веднаш воочувате дека „разговарате на ист јазик“.
Никогаш не ви е тешко со нив да излезете на крај и ви годи нивното присуство. Со други зборови, стекнувате впечаток дека сте со тој вистинскиот.
Проблемот во тоа е тоа што сите жени со нив така се чувствуваат и што тука нема ништо издиференцирано. Водолиите се вистински камелеони кои што се трудат на секој да му угодат и покрај нив сите да се чувствуваат среќно.
За подобро да ги запознаете, мора да ја поминете втората фаза: еден ден да покаже незаинтересираност кон нешто што вам ви се допаѓа или пак доколку изрази желба која што вам не ви одговара, тоа значи дека полека почнува да се отвора.
Дури и тогаш тие ќе настојуваат да ви кажат само еден дел од тоа што навистина го мислат или пак чувствуваат. Нивните тенденции се да живеат неколку животи одеднаш, по еден за секој амбиент, за секоја група пријатели или пак за секоја од своите желби и интересирања.
Доколку сакате да видите дали навистина се заљубени ќе мора да го почекате денот кога ќе бидат подготвени да ви се прикажат во вистинско светло, без никакви цензури, со своите илјада лица.