Покачувањето на дневните температури и сонцето кое претпладнево владее во Македонија придонесува за топење на мразулците кои се создадоа изминатите денови на настрешниците, олуците и балконите на куќите и зградите. Поради тоа, постои опасност мразулците да паднат од високо и да повредат некој од случајните минувачи кои се движат по тротоарите или помеѓу зградите во населбите.
Прилично големи и остри мразулци има на објектите речиси во секој дел од градот и за да се избегнат некои потешки последици пожелно е да се отстранат од куќите, становите на последниот кат, продавниците и другите објекти кои се во приватна или државна сопственост.
Сепак никогаш не можете да бидете сигурни дали тоа го направиле задолжените лица, па со оглед дека мразулците се притаена закана за пешаците, неопходно е тие повеќе да внимаваат кога поминуваат покрај повисоките објекти во градот.