Внимавајте си глисерите: Ќерка си го прегазила татко си на одмор

|

На маж од Велика Британија морале да му ја ампутираат ногата откако бил прегазен од глисер управуван од неговата ќерка, која наводно го ставила во рикверц наместо да оди напред, додека бил на одмор во Италија.

Ќерката управувала со чамецот во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија, кога го прегазила и тешко го повредила.

Во целосен шок, таткото бил итно пренесен во болницата „Сасари“, каде лекарите констатирале сериозна рана на левата нога.

Медицинскиот персонал немал друг избор освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.

Инаку, „Канигионе“ е мало крајбрежно гратче на Сардинија покрај популарната „Коста Смералда“, со живописна плажа со златен песок и кристално чисто море.

Поранешното рибарско село на северо-источниот дел на Сардинија е, меѓу другото, многу популарно место за нуркање.