Внимавајте – Скопјанка измамена за над 7.200 евра

ИЗВОРНов Лист
|

На 23.09.2022 во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице за сума од 7.260 евра.

-Според пријавеното, лицето и се јавило на домашниот телефон и се претставило дека е од полиција и дека нејзината ќерка направила сообраќака во која поч инало дете, а доколку му даде пари ќе може да помогне да не оди во затвор, информира МВР.

Како што е пријавено, тие се договориле, а откако му ги дала парите лицето заминало и не се јавило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.