ВНИМАВАЈТЕ: Повторно отворена дупка на плоштад „Македонија“

|

Попладнево на плоштадот „Македонија“ повторно може да се забележи отворена дупка во дел на површинската фонтана.

Засега не е познато како пропаднала плочката.

Инаку, на ова место досега забележани се три случаи каде возила имаат пропаднато. Последниот пат камион пропадна откако се подготвуваше одржувањето на фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната повторно беше искршена и оштетена.

Претходно пропадна еден камион кој работеше на прославата за ракометарите на Вардар кои станаа европски шампиони. Потоа, пропадна и една машина за чистење.

Останува нејасно што е со заштината ограда која еден период беше поставена за да ја штити оваа фонтана.

Фонтаната чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.