На балканската сцена се појавија многу млади и нови надежи кои изненадуваат со својот талент, што пак не уверува дека музичката иднина е во добри раце. Покрај Анастасија, ќерката на Цеца Ражњатовиќ, новата ѕвезда за која зборува целиот регион е младата Зои (21) ќерка на Драгана Беквалац.
Имено, внуката на Наташа Беквалац тргна по стапките на својата тетка и ја сними својата прва песна „Ето“.
Зои од мали нозе покажала талент кон музиката, а истиот го докажа неодамна кога започна да плива во музичкиот шоу биз.
Спотот за песната ја сними во Милано, а многумина ја споредуваат со нејзината тетка и по изгледот и по бојата на гласот.
Наташа Беквалац веќе долги години е на регионалната сцена, па веруваме дека тоа доста ќе и помогне на младата внука во градењето на кариерата и големото искуство кое таа го има на неа. Во продолжение погледнете го спотот и уверете се самите за каква пејачка се работи: