Саша Броз на Инстаграм посвети објава на својот помлад брат Андреј кој јавноста нема можност често да го види.
“Среќен роденден, Андреј и запамети дека ја имаш најдобрата сестра на светот! Те сакам”, напишала Саша покрај нивната заедничка фотографија и отркила дека внукот на Тито слави 46. роденден.
Инаку Андреј дипломирал на еден од универзитетите во Москва и работи како консултант. За разлика од неговата сестра, тој многу малку и е познат на јавноста, па ја чува својата приватност само за себе.
Со неговата сестра е многу близок, таа постојано на социјалните мрежи објавува заеднички фотографии од детството.
Саша Броз на јавноста и е позната поради честите изјави во јавноста поврзани со нејзиниот дедо, а една од нив пред неколку години беше поврзана со преименувањето на плоштадот во Хрватска кој крена голема фама низ сите поранешни југословенски републики. Таа уверуваше дека доколку нејзиникот дедо е жив и ја види Хрватска денес, сам би ја симнал плочата со своето има од плоштадот – и тоа одмана.