Младиот софтверски инженер, Мануел Лусио го воодушеви Интернетот кога реши да создаде специјален уред за комуникација за неговата баба.
Имено, неговата баба Фелиса Романо Мартин (96) има проблеми со слухот и не може да користи телефон, а би сакала да биде во контакт со сите членови на семејството и пријателите кои не ги видел подолго време поради пандемијата. За да ја исполни нејзината желба, Мануел ги засука ракавите и го направи „Јајаграм“ – уред што испраќа гласовни пораки и примени отпечатоци.
За да испрати порака, баба Фелиса прво мора да избере со кого сака да разговара, а потоа да го стави конекторот со соодветното име. Кога снима порака, таа мора да притисне копче и да го држи додека не заврши со зборување. Пораката потоа се испраќа, а другата личност ќе ја добие преку апликацијата – Телеграм.
Уредот може да прима само текстуални пораки, па затоа, кога ќе добие одговор, се печати на термичка хартија. Сè е дизајнирано да биде лесно за неговата баба. На прашањето од каде потекнува името на уредот, Мануел објаснува дека „јаја“ е мил израз за баба на кастељански јазик, дијалект од шпанскиот јазик, а „грам“ доаѓа од апликацијата „Телеграм“, која се користи за испраќање пораки.